Нега на рацете I

Доаѓа зимата. Студеното и ветровито време е голем непријател на нашата кожа, особено на деловите од телото кои се повеќе изложени на ниски температури, како што се дланките и шаките. Во текот на зимските месеци рацете многу лесно стануваат исушени, испукани и болни.
Со оглед на тоа што е вирусно време, секојдневно користиме и средства за дезинфекција кои дополнително придонесуваат кожата на рацете да се суши. Поради сето ова на нашите раце им е потребна секојдневна нега, на база на различни негувачки креми, но и дополнителна нега во вид на маски, пакувања и пилинзи за раце.

Дезинфициенси: како да го изберете најидеалниот
За дезинфекција на рацете најчесто користиме течности во шишенца со распрскувач или гелови. Овие формулации се на база на алкохол или асепсол и поради тоа имаат тенденција да ги исушуваат рацете. Тоа е особено изразено ако надвор е студено и ветровито, а ние по дезинфекцијата не ги негуваме рацете.
Направете си сами гел за дезинфекција
- алкохол, минимум 60% и најмногу 70%
- гел од алое вера
- масло од чајно дрво, лаванда или рузмарин, кој мирис најмногу го сакате
Подготовка
- Помешајте ја основатаАлкохолот и гелот од алое вера помешајте ги во сооднос 3:1.
- Додадете мирисДодадете ѝ на смесата неколку капки етерично масло за да ѝ дадете пријатен мирис и тоа е тоа. Домашниот, негувачки гел за дезинфекција е готов.

Какви креми за раце треба да се избираат
Кога ќе ги намачкате или испрскате рацете со средство за дезинфекција, задолжителна е крема за раце. Кога ќе ги измиете рацете, кремата е повторно задолжителна. Таа е преку потребна во зимските месеци, независно од средството за дезинфекција и миењето, бидејќи рацете се склони кон пукање и лупење под влијание на ниските температури и ветрот.

Што треба да содржи добра крема за раце
| Состојка | Зошто ја избирате |
|---|---|
| Глицерин | Ја хидрира кожата |
| Уреа | Хидрирачка состојка која се препорачува кај сува кожа; има и ефект на благ пилинг, па ги отстранува мртвите клетки кога рацете се лупат |
| Растителни масла: маслиново, невенско, јојобино, бадемово, арганово | Ги негуваат сувите раце |
| Ши путер, какао путер, путер од коноп | Природни негувачки состојки |
| Хијалурон, колаген, масло од нар, масло од роза | Анти-ејџ состојки, пожелни бидејќи рацете многу брзо стареат |
| SPF фактор | Заштита од сончевите зраци, кои врз рацете делуваат речиси 365 дена во годината |
Состојки наведени во текстот на оваа статија.
Што не треба да содржи
| Како се вика на декларацијата | Зошто ја избегнувате |
|---|---|
| Деривати на нафта: вазелин, минерално масло, петролеј, petrolatum, petroleum | Имаат оклузивен ефект, не се плакнат од кожата и не ја негуваат, а даваат лажно чувство на хидрираност |
| Парафин: течен парафин, парафинско масло, парафински восок, mineral oil, liquid paraffin, liquid petrolatum, paraffin oil | На подолг рок овие состојки уште повеќе ќе ги исушат вашите раце |
| Парабени, формалдехиди и останати хемикалии | Можат неповолно да влијаат врз здравјето на целиот организам |
Називите се наведени онака како што најчесто ги гледате на декларацијата на производот.

Кога да носите ракавици?
Кога температурата надвор е околу 0 степени и пониска, бидејќи така ги штитите рацете од штетното влијание на ветрот и студот.
Дали крема следува по секоја дезинфекција?
Да. Кога ќе ги намачкате или испрскате рацете со средство за дезинфекција, како и кога ќе ги измиете, кремата за раце е задолжителна.
Каков е односот на состојките во домашниот гел за дезинфекција?
Алкохолот и гелот од алое вера се мешаат во сооднос 3:1, со неколку капки етерично масло за мирис.
Услуги од текстот



